речник контакт

Каква иднина го очекува пазарчето во Нова Населба?

Зошто неколку месеци е затворен дел од просторот? Дали тој е продаден? Ова се прашањата кои си ги поставуваат жителите од овој дел на градот

Петар Печков

Дел од просторот од пазарчето во Нова Населба од летото е затворен. Ова кај жителите од овој дел на Велес предизвика негодувања бидејќи се појавија информации дека тој е продаден, дека пазарот ќе се затвори. Од ЈКП Девен смируваат пазарчето и натаму ќе работи, но со колкав простор и тезги, тоа ќе  покаже економската логика.
 
 Постои реална опаснсот по посетителите на пазрот дека може да им падне врз глава дел од таванот. Тој поради прокиснувањето е во очајна состојба и затоа решивме  времено да се затвори, заради  безбедносни причини. Ниту е продаден, ниту ќе го затвораме Пазарот во Нова населба. Ние како ЈКП Дервен не можеме да го санираме кровот, бидејќи  просторот над него  е дел од јавно прометна површина, дворно место од зградите на улица Благој Ѓорев.

Затоа треба заедно со општината да се најде начин за санација. Јавноста треба да знае дека за купување на сега затворениот простор има многу заинтертесирани, почнувајќи од Туш, преку Кам, до сите поголеми велешки маркети. Ако се решиме да го продадеме за таму да се отвори продавница, ќе се оди преку легална процедура на јавен конкурс, каде ќе се одбере најдобрата понуда.

Така кровот ќе биде саниран а дел од пазарот ќе остане. И онака на него од 170 тезги се користат само 40-тина - вели Драган Дамјановски финансов директор на ЈКП Дервен.

И додека таму работат само четвртина од расположливите тезги, граѓаните од населба Тунел бараат отворање на простор за пазарење во овој дел на градот. Нивните аргументи се дека до Градскиот пазар е далеку  повеќе километри далечина а тој во Нова населба има помала понуда.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »